Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Се појави новиот Passat CC
04.11.2011

Volkswagen одлучи да го прикаже новиот Passat CC пред неговата официјална премиера на претстојниот салон на автомобили во Лос Анѓелес. Купето со четири врати плени со својата елеганција.

vw-passat-cc-1-2011-1

Секако се работи за модернизирана верзија на актуелниот модел, а не за сосема нова генерација. Ист принцип како и кај новиот Passat. Новиот Passat CC доаѓа со обновена предница и задник, додека срединaта останува иста.

Во Volkswagen напред поставуваат нови биксенон светла надополнети со линија од светлечки диоди кои ќе се нудат во серија и за задните светла. Стандардна опрема се и двете издувни цевки и леснометалните бандажи од 17 инчи.

Од безбедносните елементи тука е системот кој препознава замор кај возачот, а со доплата се добиваат и системите Line Assist и Light Assist за помош при напуштање на коловозна лента и регулација на долгото светло при разминување.

Сите дизели ќе се нудат со сериски систем Start&Stop и систем за регенерација на енергијата кого го имаат и бензинците. Од дизелите под хауба на почеток ќе работи 2.0 TDI со 140 и 170 КС, додека од бензинците тука се 1.8 TSI со 160 КС, 2.0 TSI со 200 КС и 3.0 V6 TSI со 300 КС.

Ценовниот ранг ќе биде од 30.000 до 40.000 евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook