Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Се врти најжешката единица од BMW
22.04.2010

Зад затворените врати на развојното одделение на производителот од Минхен сеуште во најстрога тајност се чува најжешката верзија на купето од Серија 1, но сепак, работите случајно излегуваат на видело.

bmw-serija-1-tii-2010-1

Факт е дека инженерите и тест пилотите напорно работат на создавањето на спортска Серија 1. Доказот се сокрива во најновото видео направено од случаен минувач и објавено на форум на фановите на BMW Серија 1.

Сеуште се шпекулира дали одговорните во BMW на жешката единица ќе и го поклонат легендарното име М1, или пак, исто така легендарната ознака tii.

Маскираниот прототип на Серија 1 Coupe зад кого се сокрива новиот мал спортист е уловен на патеката во Нибругринг. Под неговата хауба се сокрива моторот од 135i дополнително доработен во работилницата на спортскиот оддел М.

Инженерите од М на 3.0 литарскиот твинтурбо наводно му поставиле ново поголемо куќиште на турбо полначот во кого се сокрива новоконструирана турбина со дупла перка која полни со поголем притисок.

Ова е само дел од она што се претпоставува за модификацијата на шест цилиндарецот и се претпоставува дека таа му помага на 3.0 литарецот да ја зголеми снагата од 306 на околу 350 КС.

Доколку овој податок е точен најмоќната единица ќе има 44 КС повеќе од 135i, но исто така 70 КС помалку од M3 што значи дека автомобилот е позициониран токму каде што треба без да завлезе во туѓ сегмент и да предизвика канибализам во моделската понуда на BMW.

Во моментов она што е најврeдно како информација за жешката Серија 1 на BMW е видеото.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook