|
Seat преку првите официјални фотографии ја претстави новата генерација на својот ван Alhambra кого го карактеризираат поуспешниот дизајн, поголемите димензии и помалата тежина.

Новиот ван од Шпанија е многу поубав од својот претходник. Следејќи го дизајнерскиот печат на марката дизајнерите успеале да му поклонат складен облик со карактеристични детали кои на прв поглед кажуваат дека станува збор за Seat иако ванот е сличен со својот брат близнак Sharan.
Новата Alhambra нуди многу предности во споредба со својот претходник. Пред се е значително поголема. Во должина нараснала за 220 mm или вкупно 4.850 mm, a во висина за 90 mm. Без оглед на поголемите димензии таа е значително полесна од претходникот.
Поголемите димензии условиле ослободување на многу простор во внатрешноста. Во кабината најважна карактеристика е третиот ред седишта којшто може да се мести по должина и се движи напред/назад 160 mm.
Со поставен втор ред седишта минималниот волумен на багажникот мерено од под до кров изнесува 885 литри. Доколку во кабината се наоѓаат само седиштата на возачот и совозачот волуменот на багажникот од под до кров изнесува максимални 2.297 литри.
Seat ја нуди Alhambra во верзии со пет, шест и седум места за седење. Како опции на списокот се наоѓаат електрично отворање и затворање на задните лизгачки врати, автоматско паркирање, камера за возење наназад, адаптибилни светла, панорамски кров и други напредни и практични технички решенија кои го олеснуваат и го разубавуваат користењето на овој фамилијарен превозник.
Под хаубата на почеток ќе работат двата познати турбо бензинци TSI од 1.4 литри и 150 КС и 2.0 литри и 200 КС. Дизелската понуда ја потполнуваат двете изведби на 2.0 литарскиот TDI со 140 и 170 КС.
Снагата до предните тркала се пренесува преку шест степен мануелен менувач или седум степен DSG менувач кој се добива со доплата. Сите мотори се опремени со систем Стар/Стоп кој значително го штеди горивото и животната средина.
Alhambra 2.0 литарскиот TDI со 140 КС остварува просечна потрошувачка од 5,5 L/100 km и има емсија на СО2 од 143 g/km. И повеќе од пристојни резултати за едно олку големо возило.
Seat Alhambra ќе се испорачува во две верзии на опременост Reference и Style и двете со значително проширување во понудата на основната опременост.
Производството ќе се одвива во фабриката на групацијата во Палмела, Португалија, а првите примероци ќе пристигнат на пазарите ширум Европа кон крајот на летото.
|