Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Seat Altea freetrack: Семеен авантурист
22.05.2007
alteaНа салонот во Барцелона на 7 јуни Seat ќе го претстави првиот теренец, Altea freetrack. Продажбата на теренецот започнува летово. Шпанската марка го најави новиот модел со концептот прикажан на салонот во Женева.


Со овој модел Seat дебитира во сегментот на спортските теренци кој забележа голем пораст во минативе неколку години. Базирана на Altea XL, теренската верзија има заштитни панели отстрана, како и браници напред и назад со дизајн што внесува теренска нота во изгледот. Растојанието од подлогата е за 40 милиметри поголемо отколку кај ванот.

alteabackПогонот на сите тркала е изведен по принципот Haldex, со хидромеханичка врска и со електронска контрола, што гарантира дека распределбата на влечната сила се врши соодветно на условите на возење. Во нормални услови целата сила оди на предните тркала, додека при потешки услови 50 проценти од силата се пренесуваат и на задните тркала.


Еден од препознатливите белези на Altea freetrack е понудата на мотори, што прави шпанскиот модел да биде најдинамичен спортски теренец. Изборот е 2.0 TFSI со 200 КС и дволитарски TDI со сила од 170 коњски сили.

Бензинецот му овозможува на новакот да постигне брзина од 214 километри на час и да забрза до стотка за 7,5 секунди, додека TDI вози максимално 204 km/h и забрзува за 8,7 секунди.

Перформансите не се единствениот талент на спортскиот теренец. Со багажникот од 593 литри е во состојба да ги исполни сите транспортни потреби на едно семејство. Исто како кај XL задната клупа може да се поместува надолжно за 16 сантиметри,

Altea freetrack ќе се продава со само едно ниво на опрема и тоа највисокото. Највпечатлива ставка е мултимедискиот систем со екран од 7 инчи и подготвен за поврзување со DVD, видеоконзола, лаптоп или МР3 плеер. На задните прозорци може да се навлечат завесичките кои се собрани во вратата. Другите ставки од опремата се двојна клима, сензор за дожд, автоматика за светлата, сензори за паркирање, темпомат, патен компјутер, радио со поддршка за MP3 и контрола на воланот. Од безбедносната опрема има електронска програма за стабилност и контрола на притисокот во гумите.

Шпанскиот теренец ќе се произведува во Марторел, во една од најмодерните и најприспособливи автомобилски фабрики во Европа каде што исто така се произведуваат и останатите модели на Seat.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook