|
Концептот на Seat кој прерасна во безмалку несменет сериски модел предизвикуваше воодушевување уште при првото претставување на салонот во Женева во 2008 година.

Воодушевувањето не престана ниту кога Sеат ја претстави сериската верзија на Bocanegra на салонот во Барцелона во мај минатата година како сеќавање на оригиналната Bocanegra 1200 Sport од 1975.
Дизајнирана од поранешниот дизајнер на Lamborghini, Лук Донкерволке, Црната Уста на Seat од сега може да се види и секако да се купи во салонот на Seat во Скопје.
Кај нас Bocanegra пристигнува со 1.4 литарскиот TSI бензинец на групацијата VW и напредната оска испраќа 180 КС преку седум степен DSG менувач со две спјки и електронски самоблокирачки диференцијал XDS.
Во сериската опрема на како што вели комплетното име на овој мал беснотилак од Seat, Ibiza SC Bocanegra 1.4 TSI DSG 180 КС влегуваат: автоматски клима уред, 6 воздушни перници, ABS, ESP + контрола на притисок во гуми + помош при тргнување на нагорнини, електрика на стакла, електрика на ретровизори со греење и паркинг позиција, електро-хидраулично прогресивно управување со DSR, волан и рачка на менувач во кожа со лого Bocanegra, централна брава со далечинско, патен компјутер, радио CD + MP3 + Aux приклучок + команди на столб на волан, активни светла за магла напред кои осветлуваат во свијок, спортски предни и задни седишта, местење на волан по висина и длабочина, местење на возачко и совозачко седиште по висина, задни стакла дополнително затемнети, спортска суспензија, леснометални бандажи Cosmos од 17 инчи обоени сиво.
Секако шик дизајн, мноштво опрема и 180 КС, не доаѓаат евтино. Ibiza SC Bocanegra 1.4 TSI DSG 180 КС стартува со цена од 22.990 европски банкноти.
|