Get Adobe Flash player
Seat Bocanegra концепт
03.03.2008
seat-bocanegra-1.jpgШпанскиот производител ќе ја претстави новата генерација на Ibiza за два месеци, но пред нејзиното пристигање во Seat се одлучија за мала пред премиера во вид на концептот Bocanegra.

Концептот ќе биде представен на салонто во Женева и дава краток преглед на можните дизајнерски елементи со кои ќе биде оличена новата Ibiza.

Како и до сега Ibiza ќе се нуди во верзија со три и со пет врати и како што се претпоставува најверојатно ќе ги носи истиот стил како и впечатливиот концепт Bocanegra или црна уста, но секако со мали измени попогодни за во сериско производство.

Без оглед на се доколку земе на заем барем малку од линиите на Bocanegra, новата Ibiza ќе биде шик парче автомобил што ќе ги освојува срцата на купувачите без оглед на возраста.

Во поглед на механиката новата Ibiza ќе ги носи познатите бензински и дизел мотори на групата VAG, а се пртпоставува дека прва ќе го понесе 1.2 литарскиот турбо кој подоцна ќе го видиме и во Skofa Fabia и во VW Polo.

Традицијата на пакување моќни мотори во малечката Ibiza продолжува. Моделот FR ќе го носи 1.4 литарскиот турбо на VW со 150 коњски сили, додека помоќната Cupra ќе му се наситува на помоќниот 1.8 литарски турбо кој на предната оска би изпорачувал околу 200 здрави коњи.

Автомобилот подготвен за сериско производство премиерно ќе биде прикажан на салонот во Мадрид кој ќе се одржи во мај годинава, но стартот на производството и комперцијализацијата на Ibiza ќе се случат многу подоцна.


 

 

 

Facebook