Get Adobe Flash player
Seat Bocanegra од концепт, до серија
08.05.2009
seat-bocanegra-1.jpgКога Seat го претстави концептот Bocanegra на салонот во Женева минатата година се веруваше дека таа е предвесник на идната жешка верзија на новата Ibiza, поточно Ibiza Cupra.

Но, кога се појави Ibiza Cupra многумина беа разочарани, бидејќи Cupra ниту од далеку не наликуваше на прекрасниот концепт кој и претходеше Bocanegra или во превод црна уста.

Сега е јасно зошто одговорните во Seat ги влечеа потезите на тој начин. На салонот во Барцелона е претставен моделот Bocanegra кој треба да го оживее сеќавањето на оригиналот Bocanegra 1200 Sport од 1975.

Дизајнот на концептот претставен лани е на поранешниот дизајнер на Lamborghini, Лук Донкерволке кој уште тогаш вети дека во иднина Seat ќе нуди модели со посмел дизајн.

Карактеристично за Bocanegra се предните светла кои ги сочинуваат две сочива поставени на црна основа, решетката на маската и на браникот како пчелино саќе, црни елементи во предниот браник, црни странични ретровизори, темен стаклен кров и црни леснометални бандажи од 17 инчи наречени Sira.

Под хаубата се сокрива познатиот мотор на VW, 1.4 литарскиот TFSI кој во Bocanegra ќе се нуди во две верзии со 150 КС и со 180 КС. Снагата до предните тркала ќе се пренесува преку новиот седум степен DSG менувач и електронскиот самоблокирачки диференцијал XDS .

Внатре Bocanegra е накитена со црни спортски седишта со црвени шевови, три карак волан со рамно дно, педали од четкан алуминиум и неизбежните беџови со логото на Bocanegra.

Продажбата во Европа би требало да стартува кон крајот на годината, а лутиот лик, моторот кој нуди одлични карактеристики меѓу моќност и потрошувачка и спортскиот карактер со високот ниво на опременост се фактори заради кои за Bocanegra ќе се чека ред.

 

 

 

 

Facebook