Get Adobe Flash player

Seat го претстави комбито од Ibiza
04.02.2010

Најавувајќи ја светската премиера за автомобилскиот салон во Женева Seat официјално ја претстави комби верзијата од новата Ibiza, која го носи името Ibiza ST и делува подеднакво привлечно.

seat-ibiza-st-2010-1

Јасно е дека автомобилот е создаден на основата и ги следи дизајнерските смерници на концептот IBZ претставен минатата година на автомобилскиот салон во Франкфурт.

Ibiza ST во должина мери 4.230 mm што е за 10 mm повеќе од концептот IBZ, 180 mm повеќе од обичната Ibiza и 80 mm помалку од класа погоре поставениот Seat Leon.

Значително поголемата должина одзади отвора багажен простор со волумен од 430 литри со крената задна клупа. Волуменот може да се зголемува етапно со преклопување на задната клупа, но во Seat сеуште не го откриваат неговиот максимален волумен.

Seat ќе ја нуди Ibiza ST со шест мотори, три бензински и три дизели, од кои дури четири се со турбо натполнење, а во гамата место нашле и штедливите 1.2 TDI и 1.2 TSI. Моќноста се протега во распон од 70 до 105 КС.

Најмоќни во гамата се трубо бенизнецот 1.2 TSI со 105 КС и новиот 1.6 литарски турбо дизел TDI кој се нуди во две верзии со 90 и со 105 КС. Сите мотори сериски се добиваат со мануелен менувач, додека како опција на располагање е и DSG менувачот.

Ibiza ST како и обичниот модел ќе се нуди со три нивоа на опременост Reference, Style и Sport. Кога стартува продажбата ќе биде обелоденето во Женева кога ќе биде објавена и цената.