Get Adobe Flash player
Seat и Шакира ќе донираат преку 100.000 евра за децата
19.04.2007
16898Во минатата недела Шакира го одржа последниот концерт од нејзината европска турнеја поддржана од Seat, пред десетилјадната публика во Келн.

Со тоа заврши единаесетнделната соработка на Seat и Шакира, која почна на 25 јануари со концертот во Хамбург. Шакира на бина ја видоа 340.000 посетители. Уште поимпресивно: поддршката на фондацијата на Шакира, Pies Desclalzos, основана на стартот на турнејата, Seat ќе ја продолжи до 15 мај. Досега се донирани 116.000 евра.

На крајот на собирањето донации со лоз ќе се решава кој ќе смее да се одвезе дома со Seat Leon Pies Descalzos кој се доделува како награда. Шпанците ќе му го предадат возилото на новиот сопственик во јуни, на салонот на автомобили во Барцелона. Фондацијата што ја основаше познатата пејачка им помага на бездомните деца во Латинска Америка.

 

 

 

Facebook