Get Adobe Flash player
Seat Ibiza Cupra
01.09.2008
seat-ibiza-cupra-1.jpgРелативно брзо по претставувањето на новата Ibiza , Seat ја прошири гамата на својот најуспешен модел на сите времиња и го претстави лутиот спортист кој традиционално го носи името Cupra.

Уште на прв поглед кај Cupra се забележуваат дизајнерските смерници зададени уште кај концептот Bocanegra. Тука е комплетно новиот преден браник со огромен отвор за довод на свеж воздух кој личи на разјапена челуст, а тука се и малите отвори околу предната маска.

Уникатните леснометални бандажи од 17 инчи, надуваните крила, задниот дифузор и трапезоидната издувна цевка го надопоолнуваат лутиот изглед својствен за една Cupra.

За да не остане се само на шминка се грижи познатиот 1.4 литарски TSI бензинец кој со помош на механички компресор и турбо полнач испорачува 180 коњски сили и е врзан со седум степен DSG менувач кој покрај вообичаената рачка сместена на централната конзола команди добива и од палките сместени зад волан.

Погонот е на предни тркала, а во Seat сметаат дека механиката и моќноста на Ibiza Cupra е доволна за да може да се фати во костец со главниот ривал Renault Clio Sport.

Со цел моќната коњица целосно да се пренесе на подлогата и Cupra да нуди искулчителни возни својства во Seat го примениле својот нов систем наречен агилна шасија или Agile Chasis, кој ги поддесува, сопирачките, трансмисијата и одзивот на управувањето во зависност од условите на возење.

Згора, сето ова е дополнето со наново пресметаната суспензија која е поцврста и дополнително го доближува автомобилот до подлогата. Што значи дека автомобилот се прилагодува според возачките афинитети на сопственикот.

И за најголемите возачки лудории да можат да минат безбедно Cupra уште во серија нуди ABS со распределба на силата на кочење, ESP и контрола на тракција. Во кабината возачот и совозачот седат во тркачки кади, а нозете на возачот притискаат врз педали од алуминиум, додека рацете го милуваат спортскиот волан преслечен со кожа.

Опремата ја надополнува контролата при поаѓање на нагорнина Hill Hold Control, системот за предупредување во случај на губење на притисок во гумите, светла за магла со функција за осветлување во свијоци, систем easy entry кај совозачкото седиште и комплетен систем од воздушни перници.

Ibiza Cupra светската премиера ќе ја доживее на салонот во Париз во октомври, а продажбата стартува кон крајот на годината. Цената сеуште се држи во тајност.


 

 

 

Facebook