Get Adobe Flash player
Seat Ibiza како комби
18.09.2009
seat-ibz-concept-1.jpgВо Франкфурт Seat ја претстави идната комби верзија на Seat Ibiza наречен IBZ Concept. Иако е најавен како концепт автомобилот изгледа прилично реално и е многу блиску до сериска верзија.

Карактеристично за IBZ Concept како и за останатите верзии на новата Ibiza се острите дизајнерски форми кои му даваат доза на динамичност потполнета со LED предни и задни светла и уникатните леснометални бандажи од 18 инчи со пет пара спици.

Внатрешноста на концептот дизајнерски е идентична со сериската Ibiza, но користени се поквалитетни материјали со акцент на луксуз и детали од вистински полиран алуминиум не евтина пластична имитација.

Голема иновација се инструментите од кои аналоген е само бројачот на вртежи, додека брзиномерот и останатите потребни информации заедно со системот за сателитската навигација се појавуваат на LCD.

За да ги задоволи аспирациите на еден вистински комби IBZ Concept во однос на обичната Ibiza нараснал за дваесетина сантиметри и во должина мери 4,22 метри и нуди повеќе простор на задните седишта и секако во багажникот.

Под хаубата на концептот е сместен 1.4 литарскиот турбо бензинец TSI во верзијата која ослободува 180 КС и има максимален вртежен момент од 250 Nm.

Секако појавувањето на концептот IBZ не е случаен потег на Seat. Комби верзијата на Seat Ibiza треба да се појави на пазарот кон средина на 2010.

 

 

 

 

Facebook