Seat Ibiza со три
врати по долги најави конечно ја промува својата муцка на отворено. Во Seat ја
нарекуваат SportCoupe или скратено SC и ќе биде
достоен придружник на моделот со пет врати.
Забележливо е влијанието од концептот Bocanegra претставен
на салонот во Женева со масивно дијагонално испакнување кое почнува од врвот на
предното крило до задните тркала и препознатливите впечатливи задни светла.
Сепак, елементот што најмногу очаруваше кај Bocanegra, предниот
браник кој на автомобилот му даваше агресивен лик за во SC е испеглан
и смирен и најверојатно во Seat го чуваат за лутиот спортист Cupra.
Моторната понуда SC ќе ја
наследи од моделот со пет врати, заедно со новиот седум степен менувач со две
спојки кој дебитираше во VW Golf. Нормално за него ќе се доплаќа, а за почеток ќе се нуди
само со 1.6 литарскиот бензинец со 105 коњски сили и ќе биде првиот DSG менувач
што се вградува во оваа класа на автомобили. Тој нуди покуси прв и втор степен
на пренос за подобро забрзување.
Името SC и сето она што ги поврзува љубителите на Seat со жешката
Ibiza се спортските верзии FR и Cupra за кои во Seat сеуште
молчат. Нивното појавување на пазарот се очекува, но се чини дека во Seat сакаат да
ја подгреваат атмосферата и да ги држат своите фанови во неизвесност. Но, не за
долго.
Официјалната премиера на Ibiza SC е закажана
за следниот месец на британското мотор шоу кога се очекува да бидат обелоденети
плановите за FR и за Cupra.
|