Вака гласаа читателите на реномираниот германски магазин Auto Motor und Sport. Со освоени 12,2%
од вкупниот број гласови Leon се искачи
на врвот на списокот на увозни автомобили.
За избор за Најдобар автомобил за 2009 гласаа вкупно
92.000 читатели. Тие своите гласови ги даваа за 32 избрани кандидати поделени
во неколку категории, а Leon победи во категоријата на увозни автомобили од
компактната класа.
„Добиената награда ни причинува огромно задоволство. Благодариме
на читателите на Auto Motor und Sport за одличниот
избор,” изјави претседателот на Seat, Ерих Шмит. „Оваа
победа покажува колку е убедлив концептот на Seat Leon,
стартувајќи од економичниот и зелен Ecomotive, до моќната Cupra”.
Ова ја докажува разноврсноста на понудата на Leon која се
огледува во понудата на пет различни нивоа на опременост Reference,
Stylance, Sport, FR и Cupra. И во единаесетте различни верзии на мотори почнувајќи од
атмосферскиот 1.4 литарски бензинец со 85 КС, преку ефикасниот 1.9 TDI Ecomotive
со 105 КС и просечна потрошувачка од 4,5 L/100 km, до
моќниот турбо бензинец 2.0 TSI која работи во Cupra и остварува 240
коњски сили.
Успехот на Leon на пазарот се
огледува и во неговите спортски достигнувања годинава крунисани со двојна
титула во WTCC конструкторска и возачка.
Наскоро следи комплетниот список на наградените
автомобили од читателитe на Auto Moto und Sport.
|