|
27.03.2008 |
Во чест на одличниот старт на сезоната во WTCC, Светскиот
шампионат со модификувани сериски автомобили, Seat одлучи да
претстави нова жешка верзија на својот Leon.
Автомобилот е инспириран од тркачкиот Leon
TDI и токму затоa и кај него под хаубата работи познатиот турбодизел и има
ентериер инспириран од својот тркачки брат.
Во Leоn FR550 работи истиот 2.0 литарски TDI со 170
коњски сили како и кај Leon FR TDI, но за
разлика од претходникот FR550 има две тркачки кади за возачот и совозачот, USB конекција и
Draco 18 инчни леснометални банадажи.
Плус тука е и ексклузивната палета на бои обезбедена само
за оваа лимитирана серија на 550 автомобили колку што ќе бидат произведени во Seat.
Leon FR550 спринтира до 100 km/h за 8,2
секунди има максимална брзина од 217 km/h и во просек троши
по 5,0 литри дизел на 100 изминати километри со емисија на СО2 од 161 g/km.
Цената e сеуште непознаница, но со оглед дека станува збор
за лимитирана серија наша препорака, доколку сте фан на Seat, е побрзо
во салон веруваме импортерот за Македонија има слух за една ваква ексклузива.
|