Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Seat Leon Linea R
12.11.2008
seat-leon-linea-r-1.jpgSeat продолжува да додава нови моделски изведби збогатувајќи ја понудата на Leon пред комплетното освежување на автомобилот најавено за во 2009.

Новата верзија наречена Linea R нуди мали дизајнерски измени кои сепак, му даваат спортски призвук на Leon. Однапред спортскиот изглед е постигнат со браник со големи отвори за воздух во кој се вметнати и светла за магла.

Одзади поставен е нов спојлер над задното стакло, a браникот одзади има дополнителни отвори за одвод на воздух додека оздола штрчат две хромирани издувни цевки.

Гледано од страна можат да се забележат повпечатливи странични завеси, лого Linea-R на В носачот и хромирани ретровизори. Leon Linea-R лежи на леснометални бандажи Supercopa од 18 инчи.

Внатре стапалата притискаат врз спортски педали од алуминиум, дланките го стегаат спортскиот волан обложен со кожа, додека возачот седи во тркачка када. Иста такве е предвидена и за совозачот.

Покрај серискиот ABS дел од стандардната опрема се и електронската контрола против пролизгување ESP и контролата на тракција TCS.

Linea-R се нуди со два бензински мотори и еден дизел. Дизелот TDI од 2.0 литри остварува 170 коњски сили. Моќноста до предните тркала ја пренесува исклучиво преку шест степен мануелен менувач и бидејќи по природа е штедливец во просек троши 6.0 L/100 km. Темпо 100 фаќа за 8,2 секунди, а максималната брзина изнесува 214 km/h.

Послабиот од бензинците има зафатнина од 1.8 литри и турбо натполнење. Остварува 160 коњски сили и е пособен да го забрза Leon Linea R до 100 km/h за 8,0 секунди. Стрелката од тахото застанува на максимални 213 km/h.

Покрај шест степениот мануелен менувач во Linea R со 1.8 литарецот може да се добие и шест степен DSG.

Истата комбинација од менувачи се нуди и со 2.0 литарскиот турбо бензинец TSI кој остварува 200 коњски сили, забрзува до 100 km/h за 7,2 секунди и достигнува максимални 229 km/h.

Покрај моќните мотори Leon Linea-R носи издув направен според теркот на тркачкиот Leon од WTCC кој допринесува автомобилот да звучи подеднакво добро како што изгледа.

Leon Linea-R е достапен на купувачите во Шпанија веднаш, додека кај нас и во останатите делови на Европа ќе пристигне до крајот на годината.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook