|
31.05.2007 |
Шпанската марка ќе биде партнер на Red Bull Air Race во следните три години. Во овие трки пилотите треба да пролетаат низ курсот обележан со порти од балони. Првата трка е на 2. јуни во Истанбул.
Најталентираните пилоти во светот ја демонстрираат својата прецизност, умешност, ментална концентрација и физичка издржливост.
Целта на договорот за спонзорство од Seat е да се засили имиџот на марката во рамки на долгорочна глобална стратегија за спонзорирање. На манифестацијата учествуваат и специјални возила „Leon Cupra Follow me Car”, кои ги придружуваат возилата до местото за полетување и слетување. Овие возила играат главна улога во новата рекламна кампања што ќе почне налето.
|