Женева е местото каде Seat планира да
ги претстави модернизираните модели Altea и Leon кои од
годинава го прифаќаат дизајнот на стрела претставен кај новата Ibiza
и Exeo.
Обликот останува несменет и кај Altea и кај Leon. Се
менуваат само одредени детали на предниот и задниот дел од автомобилот кои сега
стануваат помеки, со поелегантни линии, постилизирани хромирани лајсни,
поголеми предни светла, помало лого на предната маска и ретровизори и
леснометални бандажи со нов дизајн.
Сменети се и задните светла, сега и задното стакло е
поголемо, додека внатре се добива нова инструмент табла, централна конзола,
нови облоги на вратите и нови материјали.
Со претставување на моделските изведби за 2009
опременоста кај Altea, Altea XL и кај Leon е
унифицирана, па така секој од нив сега може да се добие со исти стандардни
нивоа како Reference, Style, Sport и FR.
Покрај сериската опрема можат де се избира и од долгиот
список на дополнителна опрема како системот XDS кој во
комбинација со електронската контрола ESP делува како
самоблокирачки диференцијал подобрувајќи ја тракцијата.
Понатаму следат биксенон предни светла со адаптибилен
систем на дневни светла, нов автоматски клима уред, аудио систем, светла за
магла за во свијок, паркинг сензори напред и назад, оптички паркинг систем
врзан со системот за навигација.
Моторната понуда ќе се состои од 5 безнинци и 5 дизели.
Моторите се веќе познати, но со одредени подобрувања во сферата на
потрошувачката и емисијата на издувни гасови.
Врвот од понудата е загарантиран за бензинскиот 2.0
литарски битурбо кој сега остварува 211 коњски сили, а кај дизелите најголемиот
моќник е 2.0 TDI кој испорачува 170 коњски сили.
Новина е 1.8 литарскиот турбо бензинец со 160 коњски сили
кој е врзан со новиот седум степен менувач со две спојки DSG, кој има
опција за менување на степените на пренос со притискање на палки зад волан.
Што се однесува до ценовната политика не би требало да
има драстични скокови.
|