Get Adobe Flash player
Seat со електромобил во Женева
02.03.2010

Во предвечерјето на отворањето на салонот во Женева Seat го претстави својот концепт на електромобил кој е создаден на основата на Ibiza и во знак на донаторот го носи името IBe.

seat-ibe-koncept-2010-1

Иако Ibiza послужила како база за да се креира IBe, електромобилот делува многу поспортски. Ова се должи на ниската и широка каросерија која воедно е и значително покуса од онаа на актуелниот серискиот модел на Seat.

Seat IBe е невообичаено широк за сегментот во кој би требало да настапи. Тој мери 1.8 метри во ширина и висок е 1.22 метри, додека во должина е за цели 250 mm покус од Ibiza и е развлечен на точно 3.78 метри.

Електричниот мотор којшто го задвижува IBe е поставен под хаубата и ги врти предните тркала, додека литим-јонските акумулаторски батерии се сместени во подот на багажникот.

Максималната снага на електромоторот е 102 КС и 200 Nm вртежен момент таа се испорачува само при екстремно оптоварување стартување или престигнување и во многу кус временски период. Додека оптималната снага се смалува на 68 КС заради постигнување на што поголема автономија.

IBe е способен да забрза до максимална брзина од 160 km/h, а моќе да се пофали и со повеќе од пристојни забрзувања. Имено градскиот спринт до 50 km/h го исполнува за 3,4 секунди, до 80 km/h стига за 6,3 секунди, додека спринтот до 100 km/h трае 9,4 секунди.

Одличните перформанси не се само долг на моќноста на моторот туку и на малата тежина која кај IBe не преминува 1.000 kg. Батериите имаат капацитет од 18 kWh што е доволно за исполнување на секојдневните задачи низ град бидејќи обезбедуваат автономија од 130 km.

Според Лук Донкерволке, шефот на дизајн во Seat, IBe претставува базен полн гени за следната генерација на модели на Seat и е ветување за светла иднина на автомобилската индустрија каде електриката ќе го има главниот збор.

 

 

 

Facebook