Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Себастијан Ожие оди во VW
24.11.2011

Францускиот пилот во рели кој годинава му беше тимски другар на осумкратниот светски шампион во рели Себастијан Лоеб, откако беше отпуштен од Citroen си најде место за в година во тимот на VW.

ogier-ingrassia-vw-1-2011-1

Себастијан Ожие и неговиот совозач Жулиен Инграсија се првиот екипаж на Volkswagen кој во 2013 година го започнува своето патешествие во Светскиот шампионат во рели со своето Polo R WRC.

Во текот на следната 2012 година Ожие и Инграсија ќе работат на развојот на автомобилот за рели на VW и ќе ја пропуштат натпреварувачката сезона. Сепак, нивното искуство ќе биде од голема помош за тимот на VW.

Развојот на Polo R WRC почнува веднаш и Ожие седнува зад волан веднаш да тестира на патеките за рели ширум светот предвидени за оваа намена. Со ова паѓаат во вода најавите дека Ожие в година ќе го придружува Јари-Мати Латвала во Ford.

„Volkswagen е број 1 во Европа, а наскоро и во светот и сигурен сум дека ќе дадат се од себе и ќе се стремат да ги освојат титулите во Светскиот шампионат во рели,” изјави Ожие по потпишувањето на договорот.

„Горд сум што толку брз и успешен екипаж како Себастијан Ожие и Жулиен Инграсија се согласи да биде дел од тимот на Volkswagen во рели и цела година да работи на развојот на автомобилот,” истакна директорот на Volkswagen Motorsport Крис Нисен.

„Моите желби и напори ќе бидат силно насочени Polo R WRC да се извади на вистинскиот пат и да стане конкурентен автомобил којшто ќе може да се бори и да освојува многу победи и титули,” заврши на крајот Нисен.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook