|
21.05.2007 |
На една голема аукција на Ferrari во Маранело се продадоа преку 30 олдтајмери од марката. Рекордна цена достигна еден Ferrari 330 LM/TRI.
На еден понудувач возилото со кого во 1962 година тркачките легенди Фил Хил и Оливие Жендебјен победиле на 24 часа Леман му беше вредно речиси седум милиони евра. „Ferrari продава соништа, а тие се како уметничките дела - примероци со највисок квалитет што сега се продаваат на најважната аукција на светот”, изјави претседателот на Ferrari, Лука ди Монтецемоло.
Се продаваа автомобили од познатата тркачка куќа од 1953 до 2006 година. Најмлад модел беше Ferrari 248 F1, со кого минатата година Италијанците победија на големата награда на Турција. Други врвни цени постигнаа Ferrari 512 од 1970 година, кој се продаде за 2,4 милиони евра и Competition Spider MM од 1953 година, кого наддавачот го доби за 2,1 милиони евра.
Под чекан се најдоа и неколку раритети, меѓу кои и пехарот што Ferrari го освои за четвртата последувателна победа на релито Mille Miglia во 1951 година. Новиот сопственик на пехарот е северноамериканскиот аукционер и реставратор Роб мајерс (RM Auctions). Пехарот го промени сопственикот за 26.000 евра. „Ќе им го испратам пехарот на Ferrari и на Монтецемоло”, најави Мајерс.
|