|
17.05.2007 |
Volkswagen ќе го вградува ново развиениот седум
степен менувач DSG во Polo. Но, нема само минито на VW да
профитира од него. Се планира истиот менувач да се вградува и во Golf и во Passat.
Седум степениот DSG ќе биде спрегнат
со 1,4 или 1,9 литарскиот TDI за да се подобри нивната економичност.
Кај новиот менувач пониските степени на пренос ќе бидат
пократки, а повисоките подолги за да му овозможат на моторот да работи на
пониски вртежи на автопат. Што треба да резултира со пониска потрошувачка.
Досега DSG беше популарен кај моделите на VW и на Audi
со повисоки перформанси. Но, оваа нова верзија единствено ќе може да се
вградува во моделски изведби чии мотори остваруваат вртежен момент помал од 250
Nm.
|