Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Сега нешто сосема поинакво - Aveo RS
11.01.2010

Chevrolet официјално ја претстави жешката верзија на новата генерација на Aveo. Автомобил кој треба да пали и жари и треба да означува нешто сосема поинакво во понудата на Chevrolet.

chevrolet-aveo-rs-1

Очигледно е дека во Chevrolet ја менуваат филозофијата и по Spark, или, Matiz планираат драстично подобрување во дизајнот и на Aveo.

Но, пред да се залетаме и да го поставиме најважното прашање: Кога ова луто бубаче ќе го видиме во продажните салони? Од Chevrolet доаѓа ладен туш во форма на одговор: „Овој модел не е наменет за сериско производство”.

Целта на проектот Aveo RS е да се покажат идните планови на Chevrolet. Во Chevrolet се свесни дека актуелниот модел трпи доста критики заради невпечатливиот дизајн кој влијае на конкурентноста во преплавениот пазарен сегмент.

Затоа во Chevrolet сакаат да го сменат Aveo и очекуваат дека Aveo RS е вистинcкиот начин да се покаже дека се решени да понудат нешто поинакво и нешто подобро на пазарот вели во своите излагања генералниот менаџер на Chevrolet, Џим Кембел.

Концептот Aveo RS е навистина впечатливо парче автомобил со агресивен дизајн, нови предни светла со одвоени сочива, големи леснометални бандажи од 19 инчи обоени темно сиво, нов и моќен систем за сопирање со сино обоени сопирачки клешти, спојлер во продолжение на кровот кој одлично му прилека и не ја нарушува неговата линија и двоен централно поставен издув.

Ентериерот на Aveo RS според зборовите на Кембел подеднакво нуди висок стил, богатство од опрема и квалитетни материјали кои драстично се разликуваат од актуелниот модел.

Доколку одговорните во Chevrolet некогаш се премислат и Aveo RS сепак влезе во сериско производство под хаубата ќе го носи новиот турбо бензинец на Opel од 1.4 литри со 138 КС ветен за Astra и предвиден да се вградува и во Cruze.

Моторот снагата ќе ја пренесува на предните тркала преку шест степен мануелен менувач кој покрај одличните забрзување треба да му обезбеди и висока економичност на отворен пат.

Според идните планови на Chevrolet, новата генерација на Aveo би требало да се произведува во погоните на компанијата во Мичиген САД. Тоа значи дека Aveo ќе биде првиот модел на Chevrolet од B – сегментот што ќе се произведува во САД.

Без оглед дали Aveo RS влегува во серија или не, обичниот Aveo на пазарот ќе пристигне во 2011.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook