Get Adobe Flash player
Секоја година нов модел од Ferrari
24.06.2010

Италијанската икона Ferrari во иднина секоја година на пазарот ќе пласира по еден нов модел со што ќе се запази циклусот на претставување на нов модел на секои четири години.

ferrari-599-gtb-2010-1

Ова не значи дека производителот од Модена ќе се растури од нови модели, туку на време ќе ги заменува постоечките. Во основа Ferrari ќе произведува два пара автомобили истакнува директорот на компанијата Амадео Фелиса.

Според Фелиса Ferrari ќе произведува два така наречени универзални модели како што се 612 Scaglietti и California и два екстремни модели како што се 599 GTB и 458 Italia.

„Кога еден модел ќе мине четири години на пазарот ќе биде заменет со негова модификација со модернизиран дизајн, оптимизиран мотор и потпирање. Додека потполно нова генерација ќе се појави четири години подоцна,” истакнува Фелиса.

Ова навистина значи дека Ferrari ќе има нов, пардон обновен, модел секои четири години, но реално нова генерација ќе биде претставувана на секои осум години.

Циклусот од по четири години треба да стартува со претставување на нова генерација која ќе го наследи моделот 612 Scaglietti во моментот најстар во гамата на Ferrari. Toj ќе ја задржи сегашната конфигурација со две врати и четири места за седење, но ќе има многу повеќе простор во внатрешноста, посебно назад.

Овој модел ќе биде претставен следната година, а по него следи наследникот на 599 GTB кој на пазарот треба да пристигне во 2012. До 2015 Ferrari на пазар треба да го понуди и првиот хибриден модел.

„Звучи чудно за еден производител на спортски автомобили, но Ferrari мора да развива хибриди бидејќи во спротивно ќе изчезне како марка,” вели Фелиса.

„Принудени сме да го правиме хибридот заради еколошките норми. Ние работиме напорно на подобрување на аеродинамиката и намалувањето на тежината, но сето ова не е доволно во таа мера да се намали емисијата на издувни гасови. Хибридниот погон нема да го смени карактерот на Ferrari. Моќноста, ефикасноста, перформансите, емоциите што ги предизвикуваат нашите автомобили ќе останат исти,” завршува Фелиса во своето излагање.

Фелиса истакна и дека моделите како што е еден Enzo ќе бидат заменувани поретко, отприлика на секои 10 години.

 

 

 

Facebook