|
BMW поставува два нови и помоќни мотори во новата генерација на Серија 1 кои ќе се вградуваат во верзиите означени како 125i и 125d и кои, како што велат од Минхен, имаат многу заеднички елементи.

Најважно тие се двете најмоќни изведби во гамата на серијата 1, потоа и двете пакуваат мотори со четири цилиндри и зафатнина од 2.0 литри кои пак испорачуваат исто ниво на моќност од 218 КС.
Бензинецот моќноста ја постигнува со помош на двојниот турбо полнач – твинтурбо и е спарен со шест степен мануелен менувач или со осум степен автоматик.
Спринтот до 100 km/h го завршува за 6,4 секунди и вози со максимална брзина од 245 km/h, додека просечната потрошувачка изнесува 6,6 l/100 km. Интересно дизелот има иста моќност и вртежен момент од 450 Nm при ниски 1.500 врт/мин.
Тој е малку побавен во спринтот до 100 km/h и го исполнува за 6,5 секунди. Кај него вредностите за потрошувачката се уште пониски. Со мануелен менувач во просек троши 4,9 l/100 km, а со автоматикот 4,8 l/100 km.
Паралелно со претставувањето на новите мотори од BMW ја најавуваат и верзијата 116d EfficientDynamics која во просек ќе троши 3,8 l/100 km, ќе спринтува до 100 km/h за 10,5 секунди и ќе има емисија на СО2 од 99 g/km.
|