Get Adobe Flash player
Сериска верзија на Kia Soul
23.05.2008
kia-soul-final-cut-1.jpgKia објави една официјална фотографија од сериската верзија на својот долго најавуван модел Soul која ќе биде претставена на салонот на автомобили во Париз на есен.

Планот на Kia е да се стартува со продажба во Јужна Кореа кон крајот на годината, во Европа некаде на почетокот од следната година, а понатаму моделот да се понуди и на купувачите во САД, Кина и на други светски пазари со што Soul ќе стане првиот глобален модел на корејскиот производител.

Оригиналниот концепт на Kia Soul првпат беше претставен на салонот во Детроит во 2006, но веќе истата година новиот шеф на дизајн во Kia, Петер Шрејер одлучи да го смени префрлувајќи го дизајнирањето на автомобилот во евроското дизајнерско студио на Kia.

Стартот на производството на Soul во Јужна Кореа е закажан за на есен веднаш по светската премиера во Париз, додека во Кина производството ќе стартува во декември годинава.

Под хаубата на Soul ќе работи 2.0 литарски бензинец кој најверојатно ќе остварува околу 150 коњски сили и ќе ги задвижува предните тркала.

Според експертите во Kia, Soul треба да биде предводник на новата генерација на возила на Kia со чија помош произодителот че ја зголеми својата продажба за 2 до 3 пати на глобално ниво.

Во моментов најавен е редизајн на мекиот теренец Sportage, по кого следи Soul и во текот на следната година во планот е претставување на уште два нови модели на Kia.

Покрај претставувањето на нови модели Kia гради и фабрика во САД која стартува со производство во 2009 и во која на годишно ниво би се произведувале 300.000 автомобили.

 

 

 

Facebook