|
29.03.2008 |
Петер Фајфер, инженер и дизајнер, кој наскоро полни 65
години, по 40 години поминати во Mercedes и 30 години на
позицијата шеф на дизајн заминува во заслужена пензија.
Фајфер се вработил во Mercedes во 1968 и
по само 10 години работа успеал да стигне до позицијата шеф на дизајн каде се
задржува до денес. Неговиот наследник сеуште не е избран, но се очекува тоа да
се случи наскоро.
Изворите во Mercedes велат дека
најверојатно на неговото место ќе дојде сегашниот претседател на одделот Mercedes
Advanced Design за Северна Америка Горден Вагенер кој успешно го води
тимот од 2006.
Несомнено дека во својата три деценикса кариера Фајфер
играл клучна улога во креирањето на безмалку секој модел на Mercedes
што бил создаден во овој долг период.
Нему му се препишуваат исклучителните автомобилски дела
како што е супер спортскиот автомобил McLaren SLR, купето со четири
врати CLS, но му се припишуваат и одредени пропусти како што е неуспешната
Класа R за која и ја доби дизајнерската награда за лош дизајн Црвена Точка.
Фајфер е роден 1943 во Далвиц во блчизина на Карлсбад,
Германија. Дипломирал на Државниот технички колеџ во 1963 и веднаш се вработил
како дизајнер во Ford. Пет години подоцна ја напушта сината елипса и заминува
во Mercedes каде останува до крајот на кариерата.
|