citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Шестката доби дизел и освежен изглед
28.06.2007
bmw6BMW за прв пат понуди дизел во шестката. Тролитарецот има 286 КС и е најсилниот линиски шестцилиндарец на светот. Ќе се вози и во купето и во кабриолетот. И неколку детаљи во дизајнот се дотерани.

Новиот дизелски мотор во 635d е опремен со Variable Twin Turbo. Системот се состои од два турбополнача со различна големина, од кои поголемиот се вклучува при зголемување на вртежите. Моторот развива максимален вртежен момент од 580 њутнметри. Просечната потрошувачка според фабричките податоци изнесува 6,9 литри.

Како топ мотор на располагање стои 4,8-литарски осумцилиндарец со 367 КС. Палетата надолу ја заокружува новиот трилитарски бензинец со директно вшприцување на горивото и работа со сиромашна смеша. Потрошувачката во споредба со претходниците е намалена за 5 проценти кај осумцилиндарецот и за 15 проценти кај шестцилиндарецот.

Марката го нагласува спортскиот карактер на купето и на кабриолетот со неколкуте модификации во дизајнот. Проширен е отворот за воздух, трепкачите се со нова форма, исто како и светлата со биксенонска техника. Одзади нов е изгледот на светлата и спојлерот во задниот капак е повпечатлив.

Дизајнерите ги направија линиите во внатрешноста уште поиздолжени. Нови бои и материјали ставаат поелегантен или попрогресивен акцент. Контролерот за iDrive доби осум нови копчиња за програмирање на најпотребните функции. Безбедносниот систем е дополнет со активни потпирачи за глава што ги спречуваат повредите на вратот при судир одзади.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook