|
Mazda одлучи на посебен собир уприличен само за одбрана група на луѓе да го претстави својот најнов концепт нарчен Shinari кој ја претставува иднината, односно правецот на развојот на компанијата.

Mazda Shinari е купе со четири врати кое повеќе на ликува на лут супер спортски автомобил отколку на фамилијарен превозник со акцент на динамичност. Дизајнот на Shinari е дело на група малди дизајнери кои работата во студиото на Mazda за дизајн во САД.
Меѓутоа не е се препуштено само на американците. И европејците и јапонците кои работата за Mazda кога е во прашање Shinari го дале својот допринес. Па така елементи од студијата се направени во дизајнерските центри на Mazda во Германија и секако матичната Јапонија.
Од Mazda потврдуваат дека новиот спортски седан како што го нарекуваат во комапанијата е показател за идните насоки на развој на дизајн кај моделите на јапонскиот производител на автомобили.
„Дизајнот на Shinari е порта за влез во дизајнот на следната генерација на модели на Мazda,” истканува Икуа Маеда, генерален менаџер на одделот за дизајн во Mazda Motor Corporation.
Покрај експериментирањето со надворешниот дизајн во Mazda експериментираат и со дизајнот на ентериерот во кого се очекуваат радикални промени кои треба да го нагласат погледот кон иднината и воедно се ориентирани кон подобрување на квалитетот на материјалите и изведбата.
„Целта на Mazda е во блиска иднина да заигра во сегментот каде сега стојат премиум производители како Audi, BMW, Мercedes, Lexus и Infinity и да го постигнеме нивното ниво на квалитет,” изјави Дерек Џенкинс, директор на дизајнот во Mazda Motor America на затворената презентација одржана во центарот на модета во Италија, Милано.
Очигледно е дека одлуката на Mazda за затворена презентација на својата уметничка креација на четири тркала не е случајна.
|