Get Adobe Flash player
Школо за возење за сопствениците на Veyron
04.12.2007
bugatti-veyron-driving-scho.jpgОва е потег што би требало да го направат сите производители на спортски автомобили, со цел да се избегнат вакви сцени Bugatti сега нуди курс за возачи за сите сопственици на Veyron.

Школото за возачи е сместено на патеката Ано ду Рин лоцирана близу Колмар на границата меѓу Франција и Луксембург. Курсот ги учи сопствениците на Veyron како правилно да реагираат во критични ситуации додека се наоѓаат зад воланот.

Тука се учи како безбедно да забрзуваат со многуте коњски сили кои буткаат од зад грб, нагло сопирање, менување на коловозната лента при високи брзини и секако возење слалом.

Сите тестови се изведуваат во секакви временски услови, вклучувајќи и мокри патишта. За да го повторат наученото и да се уверат во своите нови вештини на крајот од обуката на учениците им се дозволува да вртат кругови по патеката со гас докрај.

Се надеваме дека овој возачки курс на Bugatti ќе овозможи да гледаме помалку вакви случки со нивниот Veyron.

 

 

 

Facebook