|
26.04.2007 |
Додека големите производители само зборуваат за штедливи автомобили, една мала канадска фирма веќе произведува трицикл кој троши само 2,55 литри на сто километри.
Тајната на ниската потрошувачка е во 1,5-литарскиот мотор од Honda, кој се задоволува со исклучително сиромашна смеша од гориво и воздух. Додека обичните мотори работат со смеша на воздух и бензин од 14,7:1, возилово со име Ale работи со сооднос од 20:1. И покрај тоа, моторот не мора да жртвува ништо од силината и ослободува 160 КС. Тоа е сосема доволно возилото тешко 635 килограми да забрза за нешто повеќе од пет секунди до темпо 100. Крајната брзина е ограничена електронски на 225 km/h.
Целата техниката е вдомена во цевна рамка, со моторот поставен напред. Задното тркало се потпира на една водилка, како кај мотоциклите. Возењето би требало да е мошне возбудливо. Со ширина на трага меѓу предните тркала од 1,81 метар и ниското тежиште, Ale може да постигне странично забрзување од 1,7 g. Висината е само 1,27 метри.
Канадскиот тркач се уште е прототип. Но, ако се најде расположен инвеститор нема да има пречки возилото на фирмата Fuel Vapor да се види во сообраќај.
|