|
21.05.2007 |
Кај дилерите на Chrysler во Европа знамињата се на половина копје. Сепак, познавачите претпоставуваат дека напредокот на Chrysler, Jeep и Dodge ќе продолжи.
Спојувањето на Chrysler и Daimler не успеа како што се посакуваше. Дали сега по раздвојувањето на двете фирми работите ќе одат подобро?
Засега не се планира повлекување од европскиот пазар, туку дури се планира и офанзива, нешто што досега никогаш не се случи. Стариот шеф на Chrysler Том Ласорда имаше зацртано за цел да постигне поголема концентрација на пазарите надвор од САД. И новите сопственици ја имаат истата цел.
Законот не дозволува раздвојувањето да биде објавено пред да се случи. Затоа и дилерите се изненадени, но сепак претспостауваа дека такво нешто може да се случи.
Сопствениците на Chrysler, Jeep и Dodge не мора да стравуваат и да ја менуваат марката. Продажбата и сервисирањето продолжува. Дури се планира да се зголемува бројот на дилери, а ќе има и нови модели.
Во моментов во понуда на европскиот пазар се 11 модели, меѓу кои новиот Dodge Nitro и Avenger, како и Jeep Compass. Дури и ноторно безуспешниот седан од средната класа Chrysler Sebring ќе остане во понудата, иако сега со појавувањето на Dodge Avenger интересот ќе се заврти кон новакот.
|