Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Skoda Fabia RS концепт
09.03.2009
skoda-fabia-rs-1.jpgОткако во Женева го претстави долго најавуваниот Yeti , Skoda на овој прeстижен салон дополнително ја анимираше публиката, но и светската јавност со најавата за Fabia RS.

Освен неколку компјутерски генерирани фотографии Skoda не објави никакви информации за концептот на спортската верзија на Fabia. Единствено се знае дека треба да се појави на пазарот во 2010.

Вообичаено е за Skoda своите важни проекти да ги држи во најсторга тајност. Впрочем така беше и со Yeti. Се што може да се дознае за новиот малечок спортист Fabia RS е од неколкуте фотографии.

Концептот го карактеризира каросерија обоена во две бои, лак црни леснометални бандажи, нови браници напред и назад кои допринесуваат за спортскиот изглед на RS, интегриран дифузор во задниот браник, спојлер на кровот, црна маска и црна основа за предните светла.

Визуелниот настап во две бои се пренесува и во внатрешноста во која е поставен спортски волан, бушени алуминиумски педали и спортски предни седишта.

Fabia RS е единствениот спортски модел наменет за во серија кој стои во плановите на Skoda. Производителот од Млада Болеслава минатата година ја најави Octaviа RS+, но за сега од неа нема ниту глас.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook