|
06.12.2007 |
Досега името Scout беше наменето само
верзиите со теренски аспирации на Octavia и на Roomster. Но, со
настапот на Есен мотор шоу очигледно е дека Skoda не
застанува тука.
Овие два модели добиваат помладо братче. Во Есен чесите
ја претставија теренската верзија на новота комби на Skoda Fabia кое беше
само еден од експонатите на производителот.
Силуетата на комбито на новата Fabia останува
практично несменета. Токму поради тоа и изгледот на Skoda Fabia
Scout добива на тежина бидејќи го следи успешниот дизајн на обичната верзија.
Единствно што е направено е подигање на каросеријата за
неколку сантиметри и додавањето на заштитните пастики во друга боја кои заедно
со шините на кровот му даваат уште поробусен лик на комбито.
Најверојатно новото чедо на Skoda ќе треба
да се смести во пазарниот сегмент онаму каде што VW Polo Fun неможе да
пројде поради високата цена. Што се однесува до интересот за новиот модел
работите се јасни.
Skoda Fabia Scout мора да влезе во
сериско производство.
Како новина по што Scout се
разликува од обичното комби на Fabia е багажниот простор каде конструкторите вградиле подвижна
плоча која може да се извлече за полесно одлагање на намирниците при пазарување
или пак на тешките пластични кондури по враќањето од скијање.
|