|
27.06.2007 |
Чешката марка си постави за цел да го зголеми
производството за 50 проценти до крајот на декадава. А фокусот е усмерен кон
новите пазари во Кина и во Индија.
Продукцијата за годинава е предвидена на 580.000 автомобили,
но според шефот на Skoda, Детлеф Витиг се очекува бројката да нарасне на околу
616.000 автомобили.
За новите пазари во план нов модел кој ќе биде
позициониран под сегашната Fabia, додека за во Европа ќе има освежување со нов
Superb и освежена Octavia.
Производството во Кина во моментов изнесува 30.000
автомобили, а се очекува раст до 100.000 возила пред 2010. Освен Кина, Skoda
ќе се сврти и кон Русија и кон Индија со планирани инвестиции од 300 до 400
милиони евра секоја година до крајот на декадата.
Во моментов Skoda е најголемата
компанија во Чешка и минатата година ја заврши со приход од 7,1 милијарди евра
и произведени 556.347 автомобили.
|