|
29.09.2007 |
Подгответе се да го гледате Yeti на улица бидејќи Skoda сака да им го понуди на купувачите својот прв вистински SUV. Yeti со
погон на четири тркала ќе пристигне во салоните во 2009.
Новиот модел би требало да го следи дизајнот претставен
на концептот Yeti во 2005, а платформата врз која ќе биде поставен новиот
модел е истта онаа што во моментов ја користи VW Тiguan.
Skoda ќе го произведува Yeti во ново
модернизираната фабрика во Врчлаби која ќе биде трета по ред современа фабрика
на чешкиот производител во сопствената држава до 2010.
Yeti не е единствениот SUV во
групацијата на VW кој ќе почива на платформата на Tiguan. Да се
потсетиме и Seat најави дека во 2009 ќе го претстави својот нов SUV, Tribu.

|