Get Adobe Flash player
Skoda најавува серија ванови
30.06.2008
skoda-van-1.jpgЧешкиот производител полека но сигурно ја зацврстува својата позиција во групацијата на Volkswagen и почнува да ја раширува својата понуда со цел освојување што поголем број купувачи.

Најавата за проширувањето доаѓа директно од Чешка, а во игра се две моновoлуменски возила. Првиот и помалиот миниван ќе биде поставен на основата на најавуваниот модел на Volkswagen, up! и ќе пристигне на пазарот во 2010.

Следејќи ја традицијата на Skoda новиот малечок моноволумен ќе го носи препознатливиот дизајн на марката доволно за драстично да се разликува од своите браќа кои ќе доаѓаат од Волфсбург.

И не само од нив. Високо поставената и развлечена маска, обрабена со лутите дводелни предни светла со надворешно поставени трепкачи и широкиот отвор за водух сместен ниско во браникот кој завршува со светла за магла од светлечки диоди, му даваат на ванот на Skoda агресивен лик кој ќе им ги краде купувачите на останатите ривали во класата како што е на пример најавената нова генерација на Opel Meriva.

Вториот ван најавен од Skoda ќе се бори во класата каде што веќе владеат сили какви што се Opel Zafira или Ford S-Max. Оваа најава од Skoda е вистиснко освежување на пазарот и доколку изгледа како на цртежот ќе биде заводник против кого конкурентите ќе мораат да смислуваат нова тактика доколку сакаат да го задржат интересот на купувачите.

И за него се најавува датум некаде во 2010, што е далеку од прецизен податок, но тоа е се што може да се дознае.

Дизајнерот во Skoda од кого доаѓаат информациите за мал и голем ван иако не дава прецизни податоци сепак, наговестува дека вановите од Чешка ќе бидат нешто посебно велејќи: „Кога ќе ги произведеме нашите ванови тие ќе бидат поразлични од било кој сличен модел што во моментов се наоѓа на пазарот”.

skoda-van-2.jpg

 

 

 

Facebook