Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Skoda Octavia во 2 милиони примероци
11.03.2008
skoda-octavia-scout-1.jpgЧешкиот производител по 12 години производство и две генерации на моделот го произведе 2 милионитиот примерок на Octavia. Славеничкиот автомобил е Skoda Octavia Scout 2.0 TDI.

Првата генерација на Skoda Octavia се појави на пазарот во 1996 и со еден редизајн успеа да остане актуелна се до 2004 кога дојде наследникот, односно втората генерација на моделот.

Интересно е што првата генерација која е поставена на платформата на Golf од четвртата генерација и сеуште актуелна посебно на пазарите од Источна и Централна Европа.

Популарноста се должи на издржливата механика, добар квалитет, голем багажник, голема носивост, со други зборови голем автомобил за малку пари, параметри што знаат да ги препознаат и ценат купувачите од овие европски земји и не само до нив. Тие знаат да го вреднуваат соодносот вложено/добиено па затоа сеуште постои јагма за овој модел и тој сеуште се произведува и го носи името Octavia Tour.

Производството на овој модел не е ограничено само на фабриката на Skoda во Чешка. Octavia Tour денес се произведува и во Европа и во Азија. Почнувајќи од Босна, Украина, Русија, Казахстан, Индија и Кина. За пазарите во Индија и Кина е сменето дури и името. Па така Octavia Tour во Индија се нарекува Laura, а во Кина Ming Rui.

До сега од првата генерација на Octavia се произведени 1.315.000 автомобили, а од втората генерација 685.000 единици. Само минатата година од вотрата генерација на Octavia се произведени 237.422 модели што е повеќе од една третина од нејзината вкупна продукција од 2004.

Секако Octavia Tour е произведена во 72.529 примероци бројка која е значително помала во однос на наследникот, но која не е за потценување.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook