Чешкиот производител на автомобили Skoda го
искористи салонот во Париз за да ја претстави рестилизираната верзија на Octaviа која како модел за 2009 настапува со комплетно нов стајлинг.
На прв поглед се забележуваат новите предни светла кои
имаа многу пофлуиден облик и новата предна маска и браник. Одзади исто така се
редизајнирани светлата и браникот кој сега во себе има интегрирани
рефлектирачки ленти популарно наречени мачкино око.
Дизајнерските измени се направени и внатре. Нов е
воланот, осветлувањето на инструментите, аудио системот кој со доплата може да
биде интегриран со сателитската навигација и материјалите со кои се преслечени
седиштата и облогите на вратите.
Octavia е најуспешниот и најпопуларниот модел на Skoda и токму
затоа моделот за моделската 2009 претрпува комплетната трансформација како во
екстериерот и ентериерот, така и на технолошки план.
Постоечките агрегати кои ја задвижуваат актуелната Octavia ќе
продолжат да работат под хаубата и на моделот за 2009, но со одредени подобрувања кои пред се се
однесуваат на смалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови.
Ова значи дека остануваат бензинците и дизелите,
атмосферски и со турбо натполнење, со зафатнина од 1.3 до 2.0 литри и распон на
моќност од 68 до 200 коњски сили и мануелните и DSG менувачи
како и погонот на предни или на четири тркала.
Новина кај моторната понуда е 1.4 литарскиот турбо
бензинец TSI кој остварува 120 коњски сили и 1.8 литарскиот TSI
so 160 коњски сили. И двата мотори покрај мануелениот шест степен менувач се нудат
и со новиот седум степен DSG менувач на Volkswagen.
Обновената Octavia треба да стартува
со продажба кон крајот на годината по цени кои нема многу да се разликуваат од
оние на актуелниот модел.
|