|
Skoda се подготвува да ја рашири својата понуда со четири нови модели со кои ќе влезе во нови пазарни сегменти. Целта на чешката марка е во блиска иднина двојно да ја зголеми продажбата.

Возилата ќе пристигнат на пазарот до 2015 година, а прв на списокот е кросовер којшто ќе биде поставен на основата на Volkswagen Touran и на пазарот треба да го замни актуелниот Roomster.
Овој модел би се појавил некаде во 2014 година. Една година подоцна, поточно на почеток на 2015 година Skoda ќе им понуди на купувачите уште еден кросовер којшто ќе биде поставен на основата на поголемиот Volkswagen Sharan.
Skoda најавува дека истата 2015 години, или евентуално до почетокот на 2016 година на пазарот би се појавиле уште две возила. Тоа ќе бидат Спортски корисни возила, или SUV.
Првиот SUV ќе го замени Yeti и ќе биде поставен на основата на Volkswagen Tiguan, a вториот SUV ќе биде поголем, отприлика со големина на VW Passat и ќе има седум места за седење.
Заедно со новите модели Skoda размислува и за ширење на продажбата во Азија, а најмногу на пазарот во Кина.
|