|
Чешкиот производител на автомобили Skoda како дел од групацијата на Volkswagen може да се пофали со рекордни продажни резултати кои се постигнати минатата година.

Skoda лани во цел свет успеала да продаде 684.226 автомобили што претставува најголем број на продадени примероци во текот на една година во историјата на марката и раст во однос на 2008 од 1,4%.
Растот на продажбата на чешкиот производител пред се се должи на експанзијата на марката во Кина каде лани се продадени 122.556 примероци, но и на програмите во земјите од европската унија кои стимулираат купување на нови автомобили.
Продажбата во Германија, која е најсилниот пазар на Skoda во Западна Европа, во 2009 скокнала за 57,3% што е апсолутен рекорд за компанијата. Skoda успеала својот удел на гемранскиот пазар да го зголеми од 3,9 % во 2008 на 5% во 2009.
Успешни пазари за Skoda се и Полска +12,7%, Финска + 6,8%, Австрија + 4,8%, Франција + 4,35% и Швајцарија со раст од 3,0%. И додека во Западна Европа продажбата на Skoda расте во земјите од Источна Европа опаѓа.
Најпопуларен модел на Skoda во 2009 беше Octavia со продадени 273.590 примероци или раст од 2,4%. Втор најпопуларен модел била Fabia со 264.173 возила или раст од 7,1%. Најголем раст на продажбата забележа Superb од 73,7% или вкупно 44.548 продадени примероци.
Голем интерес предизвикал и новиот модел Yeti од кого лани се продадени 11.018 примероци. Интересно е што овој модел им стоеше на располагање на купувачите од втората половина на месец јули, а влезе и во потесниот избор за автомобил на годината во Европа.
Одличните продажни резултати на Skoda покрај за компанијата се од големо значење и за чешката економија. Чешката економија дури 90% се потпира на производство на автомобили и пратечка индустрија во кои само Skoda учествува со значителни 5%.
|