|
18.10.2007 |
Остануваат помалку од шест месеци до премиерата на
втората генерација на Skoda Superb. Но, уште сега на овие цртежи може да
се наѕре дизајнот на нoвиот Superb.
Како што прилега и новиот голем автомобил на Skoda ќе лежи на
платформата на Passat. Новиот модел ќе биде значително поголем од автомобилот
што го заменува.
Според она што може да се види на цртежите класичниот
дизајн на лимузина е заменет со оној на Octavia каде
назад место обичен капак стои петта врата.
Воедно од напред личи полуто и од
еден BMW, додека за задниот дел личи доста разводнето, како да им е
потрошиле идеите на дизајнерите.
Моќноста ќе доаѓа од ознатите мотори на VW од 1.6
литарецот FSI до 2.8 литарскиот V6 FSI кај бензинците и
1.9 и 2.0 литарските TDI. Интериерот ќе биде сличен на некој од сегашните модели
на VW.
Мини автомобилот на Skoda е
продолжена варијанта на концептот up! на VW
кој ќе се произведува и под знакот на Seat. За повеќе
информации околу овој модел кликнете тука.

|