Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Skoda Superb со повеќе престижни награди
14.11.2008
skoda-superb-zlaten-volan-1.jpgНовата Skoda Superb освои повеќе престижни награди од кои најважни се Златен волан 2008 во својата класа и Голема автомобилска награда на Австрија во организација на ARBO.

Skoda Superb ја освои награда Златен волан за 2008 благодарение на просторноста, квалитетот на вградените материјали и индивидуалниот дизајнерски пристап.

Superb освои највисоки оцени за својот елегантен изглед, добро избалансирани пропорции, за вградени иновативни технологии како системот на двојна врата - TwinDoor за багажникот кој овозможува отворање на капакот како кај класичен седан и отворање заедно со задното стакло како кај хечбек, 9 воздушни перничиња вклучувајќи го и воздушното перниче за колената на возачот, адаптивните предни светла...

Експерти, познати личности и илјадници читатели од вкупно 36 кандидати ја избраа Skoda Superb за најдобро возило во средна класа во Австрија и, и ја доделија Големата автомобилска награда на Австрија.

Во периодот што измина покрај овие две големи награди Skoda Superb ги освои и следните: победник на Технобест 2008 за системот TwinDoor, прогласена е за Најубав автомобил во Полска, во Хрватска ја освои престижната награда Најдобар флотен автомобил, Автомобил на годината во Латвија, додека во Германија исто така е прогласена за Најдобар флотен автомобил.

“Освојувањето на сите овие награди се важен сигнал дека популарноста на Skoda Superb е во константен пораст. Сите елементи за кои сметавме дека се од голема важност во развојот на возилото сега се добро прифатени од страна на купувачите,” изјави претседателот на бордот на директори на Skoda, Реинард Јунг.

„Ова е показател дека средствата кои се вложени во развојот на нови технички и технолошки досетки, се добра инцестиција. Skoda Superb ги обединува вредностите на Skoda како просторност, вредност вложено/добиено и вградување на умни решенија,” го заврши својот говор Јунг.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook