Get Adobe Flash player
Skoda Superb Sportback
01.06.2010

Одејќи по стапките на марките од концернот Volkswagen и Audi, и со цел проширување на својата гама и Skoda сака да има купе со четири, односно со пет врати, по примерот на Passat CC и на Audi A5 Sportback.

skoda-superb-sportback-2010-1

Но, едно сe желби, а друго реалност. Имено Skoda нема соодветен модел што би влегол во оваа категорија. Octavia веќе има пет врати, а истото важи и за поголемиот Superb иако ниту едниот, ниту другиот модел не спаѓаат во ова категорија.

За да ја исправи оваа неправда која е направена врз Skoda внатре во концернот дизајнерот од Чешка, Павел Хруби одлучил да нацрта своја визија на купе со четири врати кое ќе го носи печатот на Skoda.

Како основа за својата визија Хруби ја зел Skoda Superb и го доработил задниот дел од автомобилот кој сега има многу пострмен задник и поагресивни светла. Багажникот повторно се отвора во два степена како кај обичниот Superb.

Јасно е дека се работи за дизајнерски проект чива реализација зависи од одговорните во групацијата Volkswagen, но ако се цени според успешноста на дизајнот автомобилот треба да влезе во серија и заедно со Superb Combi би го комплетирал моделскиот ред на Superb.

 

 

 

Facebook