|
23.04.2008 |
Постигнатите продажни резултати на Skoda на крајот
од првиот квартал на годината производителот ги оценува како одлични. За првите
три месеци се продадени вкупно 173.474 возила.
Продажбата бележи скок од 15,7 проценти во однос на
истиот период минатата година. Голем дел од успехот се должи на новата Skoda
Fabia Combi која во првите три месеци се продаде во 19.530
примероци.
Нејзината помала и помлада сестра Fabia исто така
бележи раст во продажбата. Во истиот период за Fabia се
одлучиле дури 63.579 купувачи што е зголемување од 8,5 проценти во однос на
лани.
Исто како и Fabia и Fabia
Combi и Skoda Octavia ја задржува својата популраност кај
купувачите. Во првото тримесечје од годината на клиентите им се испорачани
70.970 возила што претставува раст на продажбата од неверојатни 33.8 проценти.
Дефинитивно според заинтересираноста и продажните бројки Octavia
e најпопуларниот модел на Skoda.
|