|
14.01.2008 |
И покрај напредниот погон на четири тркала и сите
електронски системи за контрола Nissan GT-R со своите 480
коњски сили од 3.8 литарскиот V6 битурбо сеуште бара внимание при возење.
Сигурно гордиот сопственик заборавил на сето ова и ја
понесе неславната титула на првиот човек на планетата што го уништил новиот Nissan
GT-R.
Местото на сударот не се знае, но се претпоставува дека
станува збор за некоја од улиците на Хонг Конг. Исто така непознати се условите
под кои дошло до судир, но очигледно е дека станува збор за директен фронтален
удар.
Од фотографиите се гледа дека деформациските зони на GT-R
функционираат совршено како и воздушните перници. Возачот и совозачот се
извлекле од несреќата без повреди, единствено што е повредено е само гордоста
на возачот.
|