Годинава вечно младиот Lotus Seven слави
педест години. За оваа прилика, денес единствениот производител на Seven,
Caterham изработи екстремен концепт кого го нарече X330.
Иако е сличен со скоро секој Seven што е
претставен од 1957 година, X330 е најекстремната верзија што до сега е излезена од
погоните на Caterham. За основа е земена верзијата CSR 260
претставена во 2005 година со независна суспензија што е најзначајна новина
воведена во животниот век на Seven.
Серискиот CSR доаѓа со 2.3
литарскиот Duratec на Ford кој е навиен за да испорачува 260 КС, доволно за да
овозможи соодносот моќ-тежина да отиде на 456 КС на тон. Но, тоа не е доволно
за X330.
Како што наговестува името, X330 е наполент
со 330 КС благодарение на механички компресор. Вртежниот момент исто така е
зголемен од 300 на 320 Nm во споредба со CSR 260.
X330 е и полесен од CSR поради
новата челична легура со која шасијата има поголема цврстина иако е изработена
од цевки со потенок ѕид. Карбон е користен секаде каде што дозволува
конструкцијата, дури и за лесниот шест степен мануелен менувач.
Според сегашните планови на Caterham, X330 нема да
влезе во сериско производство и е создаден колку да му покаже на светот во кој
правец се движи развојот на Seven.
Сепак, како и кај претходниот
модел, доколку се јават доволен број на интересенти веруваме дека одговорните
во Caterham не ќе можат да му одолеат на предизвикот.
 
|