Get Adobe Flash player
Следниот Phaeton ќе биде помал
23.04.2007
17000Volkswagen не се откажува од лимузината од вишата класа Phaeton – но знаменосецот на марката ќе се смали. Идниот Phaeton ќе ја дели и механиката и производствената лента со Audi A6.

Со ваквото здружување ќе се постигнат пониски цени, бидејќи Volkswagen досега мораше посебно да ги развива скапите компоненти како менувачи и погонски оски за знаменосецот. Бидејќи пазарот не ги потврди очекувањата на куќата годишно да се продаваат 20.000 примероци од Phaeton, во иднина планот се намалува на само една четвртина од оваа бројка, односно на околу 5.000 парчиња. Во споредба со братот од концернот, Audi A8, Phaeton е тежок и троши многу гориво. Друг проблем е што никој не го гледа Volkswagen како престижна марка.

Идната генерација пак на Audi A8, со големината и со моторите ќе биде позиционирана над Phaeton и ќе ја нуди техничката основа за следната генерација на Bentley Continental.

 

 

 

Facebook