Get Adobe Flash player
Сликата моја на покрив си ја возам
10.06.2007
miniИндивидуализацијата е омилен збор на луѓето од маркетингот. Но тоа обично се сведува на 15 бои на лак и четири бои за текстилот на седиштата. Марката Mini сега малку ги менува работите.

Иако автомобилот е типичен пример за стандардизиран сериски производ, со прикажување на разни можности за избор на купувачите им се нуди илузија дека нивните возила им се скроени точно според вкусот. Со тоа производителите заработуваат доста пари, бидејќи треба да се доплати за возилото да се дотера по вкус.

Се разбира дека не може да се рече дека возилото е индивидуализирано ако бојата е посебна или декорот во кабината е поразличен. Можеби и подобро што е така бидејќи според кажувањата на продавачите купувачите често имаат чудни претстави за изгледот на нивниот автомобил и добро е што производителите оставаат тесни граници во можностите за персонализација. Причината за тоа: покажувањето на лош вкус со купе со отровно зелена боја со тиркизно сини седишта и волан од карики од ланец не го нарушува толку имиџот на сопственикот, колку што го уништува имиџот на марката.

Mini сега прави обид да внесе нова димензија на персонализација на возилото. Mini Roof Designer e алатот со кој возачите на Mini можат да си го изведат покривот по вкус. На интернет стојат на располагање 90 предлози за дизајнот на покривот - за нарачка или како инспирација. Кој ќе посака може да си направи сопствен мотив за покривот. Ова задоволство би чинело 400 евра. Потоа се печати фолија со избраниот дизајн и се лепи на покривот во сервис на Mini.
 

 

 

Facebook