|
21.07.2011 |
|
Информацијата која доаѓа од Smart вели дека компанијата работи на развој на нова генерација на родстер и на развој на кросовер, прв за марката, кој треба да му конкурира на Mini Countryman.

Новиот родстер на Smart ќе влече дизајнерски смерници од концептот ForSpeed којшто беше претставен годинава на салонот во Женева. Секако ќе биде многу поразвлечен и во должина и во ширина, а воедно ќе биде понизок.
Сеуште нема прецизна информација на чија платформа ќе бидат поставени и родстерот и кросоверот. Но, не се знае ниту чија платформа ќе ја носат и новите генерации на Smart ForTwo и Smart ForFour.
Се знае дека тоа ќе биде платформа која Daimler ја развива заедно со Renault и на неа треба да биде поставен Twingo и електромобилот Zoe. Ова важи за родстерот, додека кросоверот најверојатно ќе биде поставен на основата на новата генерација на В Класа на Mercedes.
|