|
15.12.2011 |
|
Брзо откако беше потпишан договорот за соработка и размена на технологии меѓу Toyota и BMW, јапонскиот производител го најави вградувањето на германските дизели во своите автомобили.

Први што ќе ги понесат дизелите на BMW се новата генерација на Toyota Camry и Toyota Corolla кои се произведуваат и продаваат во Австралија. Интересно до сега Toyota Australia не вградуваше дизели во автомобили.
Имено модели на Toyota со дизел мотор во Австралија беа работните теренски машини Land Criuser и Hilux, но сето ова се менува откако во игра влегоа 1.6 и 2.0 литарските дизели на BMW познати од новата Серија 1 и новата Серија 3.
Помалиот дизел 1.6 со 116 КС ќе се вградува во Corolla, додека поголемиот Camry ќе ја добие помоќната изведба на 2.0 литарецот која испорачува 184 КС. Тркалото почна да се врти, а следни се европските модели на Toyota.
Станува збор за Auris, Corolla, RAV4, Avensis и Camry. За возврат на дизелите BMW од Toyota ќе добие влез во светот на хибридната технологија и развојот на литиум-јонски батерии.
|